Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на прес конференција ја обвини владата на СДСМ за лоша политика за странските инвеститори.
Од партиското седиште тој попладнево рече дека оваа година и покрај тешката политичка криза имало добар старт со седум странски инвестиции кои требало да отворат над 4.400 нови работни места. Груевски нагласи декаво првите пет месеци, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, започнале со градба седумте нови компании.
“Над три месеци државата ја води владата на СДС. Резултатот на нови странски инвестиции е нула, како и бројот на новоотворени работни места кои се резултат на ваквите инвестиции”, рече Груевски.
Тој рече дека ќе одговара само на новинарски прашања поврзани со темата за да не се дефокусирала јавноста од ова важно прашање.