Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала хидрогенска бомба која може да биде прикачена на нивните ракети со голем дострел. Државните медиуми денеска јавуваат дека шестиот нуклеарен тест на Пјонгјанг е “совршен успех” и “значаен чекор” за комплетирање на држвната нуклеарна програма.
Објавата следува часови откако сеизмолозите детектираа земјотрес во областа во која Северна Кореја го изврши својот претходен тест. Јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно рече дека владата потврдила дека се работи за нуклеарен тест. Според Ли Ми-Сун,шеф на јужнокорејската метеролошка агенција, според ослободената енергија се работело за пет до шест пати помоќен тест од оној кој Северна Кореја го изврши во септември 2016 година.
Пјонгјанг спроведува нуклеарни тестови од 2006 година со што ги крши резолуциите на Обединетите нации и предизвикува сериозни реакции од Соединетите Американски Држави и од други земји.