Владата со ново работно време

портпарол Миле Бошњаковски

Министерството за информатичко општество и администрација(МИОА) соопшти дека почнувајќи од денеска влегува во сила одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа.

Согласно одредбите секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 7:30 и 8:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, така што има обврска за исполнување на 8 часа дневно работно време. Секој орган на државната управа треба да обезбеди систем за евиденција на работното време, со цел поефикасна контрола при влез и излез на вработените, се наведува во соопштението