Министeрот за надворешни работи Никола Димитров по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас во Скопје истакна дека тие разговарале за разликите околу името, но повеќе за самиот процес за тоа како тој ќе се одвива, за интересите и грижите на двете страни по прашањето за да има поголемо разбирање во однос на тоа како едната и другата страна го перципираат проблемот.
Коѕијас истакна дека двете земји се мошне блиски соседи кои ги поврзуваат многу работи и затоа треба да се продолжи со градењето на мерките на доверба и решавање на проблемите во интерес на нивните граѓани. Тој посочи верува оти влегувањето на Западниот Балкан и посебно на Македонија во НАТО ќе биде добро за развојот на целиот регион.
„Што се однесува до НАТО постојат одлуките од Букурешт и со тие одлуки и нивното реализирање оваа земја ќе стане член на НАТО. Како сега ќе се реализираат тие одлуки на НАТО не зависи од нас, туку зависи од тие што треба да одлучат. Ние ја сакаме оваа мила наша северна земја и во НАТО и во ЕУ, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО. Државата кај што се наоѓам денес има и европско лидерство, и европска Влада и европска перспектива, но елемент на европската перспектива е да се почитуваат одлуките и правилата, не е тоа мое прашање“, изјави Коѕијас.