Казахстанските власти соопштија дека во ненадејно истекување на метан во рудник за јаглен загинале тројца рудари. Останатите 133 рудари кои исто така биле во рудникот кога се случила несреќата успеале да излезат на површина, но тројца од нив биле хоспитализирани поради труење со гас. Властите отвориле и истрага за евентуално прекршување на условите за работа во рудникот.