Конференција „Македонија кон целосно членство во НАТО“

инистерот за надворешни работи Никола Димитров

Конференција на тема „Македонија кон целосно членство во НАТО“ ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи. На конференцијата воведно обраќање ќе има министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и амбасадорите на САД, Џес Бејли и на Германија, Томас Норберт Герберајх. Во рамки на конференцијата ќе се одржат и два специјализирани панела на теми - „НАТО придонеси кон безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан“ и „Република Македонија и НАТО: од активно партнерство до целосно членство“.