Иран го одби барањето на САД за контрола на воените локации

иранскиот претседател Хасан Рохани

Иран го отфрли барањето на Соединетите држави инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија да извршат контрола на иранските воени локации, наведувајќи дека таквата идеја е „сон“. Во телевизиско обраќање, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави: „Нашите односи со Меѓународната агенција за атомска енергија се дефинирани со правила, а не од Соединетите држави. Не верувам дека Агенцијата ќе го прифати барањето на САД, но и во таков случај ние нема да го сториме тоа“. Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли деновиве изјави дека САД сакаат да се изврши инспекција на иранските воени локации за да се види дали го почитува нуклеарниот договор.