Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска дека Турција се оддалечува со гигантски чекори од Европската унија. Тој во Брисел истакна дека ЕУ е сериозно загрижена во врска со човековите права и владеењето на правото во Турција.Тој исто така оцени и дека на ЕУ и се потребни подобри односи со Русија.