СДСМ кандидатите за градоначалници ќе ги одреди според анкети

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев

Владејачката партија во пресрет на локалните избори ќе ги бира кандидатите за градоначалници и советници по терк на граѓаните креиран од анкетите кои се во тек, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Берово. Истакна дека почнале да пристигнуваат резултатите кои ќе им биле водилка.

"Изборните органите на партијата се веќе формирани, а овие денови ќе почнеме да ги носиме одлуките и за кандидатите за градоначалници и советници и среќен сум што има многу кандидати кои претендираат за овие функции во СДСМ што не беше порано така", рече Заев.

Тој додаде дека очекува регуларни кредибилни избори, фер и демократски, при што граѓаните ќе ги изберат првите луѓе на општината и советниците.