Путин во посета на Унгарија

Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Виктор Орбан на Унгарија, Будимпешта, 02.02.2017.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната посета на Унгарија ќе присуствува на отворањето на Светското првенство во џудо во Будимпешта, како и на разговори со премиерот Виктор Орбан. Ова годинава е втора посета на Путин на Унгарија чии врски со Русија се на повисоко ниво од оние на повеќето други земји на ЕУ. Путин има црн појас во џудо и е почесен претседател Меѓународната федерација на џудо. Најавено е дека на Путин ќе му биде доделено признанието почесен граѓанин од Универзитетот во Дебрецен, како признание за улогата на Русија во развојот на единствената нуклеарна централа во Унгарија.