Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ќе испрати двајца експерти на заедничката воена вежба на Русија и Белорусија „Запад 2017“. Тој прецизира дека тие ќе присуствуваат на вежбата, но оти НАТО е за, како што рече, потемелен начин за посматрање на маневрите. „Запад 2017“ почнува на 14 септември и дополнително ги зголеми тензиите меѓу Русија и НАТО. Вежбата ќе се одржи во близина на границите на членките на Алијансата, Естонија, Летонија и Литванија.