Од октомври стартува евтината тарифа на струјата, соопштија денеска на заедничка прес-конференција премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши. Заев изјави дека исполнуваат уште една од ветените мерки, а од неа најмногу ќе заштедат посиромашните. Евтина струја ќе има секој работен ден и во сабота од 14 до 16 часот, како и од 22 до 7 часот наутро, а во недела како и досега евтина струја ќе има цел ден.