Тројка предвремено родени новороденчиња починаа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Тие биле родени со царски рез во 27 недела, откако на мајката и прснал воденикот, соопшти Министерството за здравство.
Министерството информира дека веднаш по добивање на информациите формирале комисија за стручен надзор која детално ќе го испита случајот, со цел да утврди дали во целокупниот третман на родилката и новороденчињата е постапено согласно протоколите и медицината базирана на докази. Истовремено комисија е формирана и од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, стои во соопштението.