Русија - Потпишан договор со Турција за испорака на ракетен систем С-400

Илустрација - Противвоздушниот ракетен систем C-400.

Потпишан е договор за испорака на противвоздушниот ракетен систем C-400 на Турција, но се уште не е стапен во сила, изјави денеска директорот на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ Алексеј Микев. Тој истакна дека останати за решавање се само уште некои технички прашања.

Преговорите за набавка на рускиот ракетен систем почнаа непосредно по неуспешниот воен преврат во Турција, на 15 и 16 јули минатата година. Официјален Вашингтон во повеќе наврати изразуваше незадоволство од овој договор.