Димитров - Не е точно дека сме вршеле разузнавачки активности против Србија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Владата на Република Македонија ниту имала намера, ниту дала наредба или инструкција, ниту извршила разузнавачки дејства против и на штета на некоја од нашите соседни земји, вклучително и Србија, изјави денеска на прес-конференција македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
На прашањето на што мислел неговиот српски колега Ивица Дачиќ кога рече дека знае што се договарала Македонија, Димитров рече дека не може да коментира додека не добие официјална информација од Белград.
Најави мерки и против генералниот конзул во Торонто, Јовица Палашевски, кого Грција го обвини зашто се сликал покрај картата на Голема Македонија на собир на македонските иселеници во Канада.