Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за весникот „Зидојче цајтунг“ изјави дека Европската унија мора да престане да ги следи активностите на Турција и да развие нов пристап кон неа. Според него, сите држави-членки треба да разговараат за тоа кои стратешки последици може да има таквото однесување. Тој порача и дека мешањето во предизборната борба, како и барањата за екстрадиција на наводни политички противници се неприфатливи.