Од Владата денеска соопштија дека Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји, по повлекувањето на итни консултации во Белград на целиот персoнал од aмбасадата на Србија во Скопје. Кога постојат отворени сензитивни прашања помеѓу два наши соседа, како што наведуваат, Владата секогаш ги следи интересите на државата базирани врз принципите на добрососедство и унапредување на регионалната соработка, неутралност и немешање во споровите меѓу државите.
Од Владата посочуваат дека за гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, ќе ги имаат во предвид позициите на мнозинството, земји членки на Европската Унија.