Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека одлуката да се повлече персоналот од амбасадата во Македонија е поради тоа што надлежните органи имале докази за офанзивно разузнавачко делување против органите и институциите на земјата. За таквата одлука, според него, има неколку причини, но надлежните органи ги претставиле доказите нему и на владата за таквото делување.
„Ние ќе продолжиме да развиваме пријателски односи меѓу Белград и Скопје. На нас е нашите луѓе да бидат подготвени со цел да се заштити пријателството меѓу Србите и Македонците, но и да знаеме како да делуваме во поинакво и ново опкружување кое на нас не ни беше познато до пред некполку месеци“, рече Вучиќ.
Тој не соопшти повеќе детали, но порача дека за седум до десет дена работите ќе се вратат во нормала.