Проширена потрагата по осомничениот за нападот во Барселона

Јунес Абујакуб.

Шпанските власти соопштија дека потрагата по возачот кој влета со комбе во толпа во Барселона е проширена низ Европа. Според нив, се сугерира оти возачот е 22 годишниот Јунес Абујакуб, роден во Мароко. Властите посочија и дека не може да потврдат дали тој ја преминал границата и избегал во Франција. Во нападот во Барселона загинаа 13 лица.