Суспендирани дипломатските мисии на САД во Русија

Американската амбасада во Москва

САД соопштија дека сите неимигрантски визни операции на мисиите на земјата низ Русија ќе бидат суспендирани од 23 август поради одлуката на Москва за ограничување на американскиот персонал. Американската амбасада во Русија соопшти дека сите операции ќе продолжат од 1 септември, но издавањето на визи во конзулатите ќе биде суспендирано на неодредено време. Според соопштението, одлуката на Русија за намалување на дипломатското присуство на САД ја става под знак прашалник сериозноста на земјата во остварувањето на подобри односи.

Рускиот претседател Владимир Путин во минатиот месец им наложи на САД да го намалат својот персонал за 775 лица од 1200 вработени како одговор на усвојувањето на нови санкции врз земјата од страна на Конгресот поради нејзината вмешанност во конфликтот во Украина.