МВР ја утврдува причината за превртувањето на автобусот кај Велес

Автобус со патници се преврте на автопатот Скопје - Велес.

Од МВР соопштија дека се утврдува причината за сообраќајната несреќа што синоќа се случи на автопатот Велес - Скопје при која загина една жена, а 27 патници беа повредени. Според министерството, се чека и извештајот од вонредниот технички преглед на автобусот. Во сообраќајната несреќа загина 68-годишна жена, а на едно деветгодишно дете му е ампутирана раката. Потешко се повредени четири лица.

Основното јавно обвинителство во Велес денеска соопшти дека работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а започнато е и прибирање на трагите пронајдени на лице место.

Вчера околу 19 часот во близина на зимскиот пункт Кула на автопатот Скопје - Велес автобус со македонски регистарски таблички изгубил контрола и излетал од коловозот.