Персоналот од српската амбасада во Скопје повикан на консултации во Белград

Министерството за надворешни работи на Србија во Белград

Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека добило нота од српската амбасада во Скопје, со која биле известени дека персоналот на Амбасадата е повикан на консултации во Белград.

МНР информира дека не е запознаено со причините за оваа одлука и затоа воспоставува комуникација со српското министерство за да се утврдат причините за оваа постапка.

„Согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје“, информира МНР.