ВМРО-ДПМНЕ - Со разрешувањето на Зврлевски е прекршен Уставот

Архива - Расправа на Собранието за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Постапката за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски во Собранието е целосно незаконска, а тоа го потврди и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека постои законска пречка да се разрешат и именуваат носители на јавни функции откако се распишани изборите. Тајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини претседателот на Собранието Талат Џафери и СДСМ дека го кршат Уставот и законите со разрешувањето на Зврлевски.

СДСМ реагираат дека ДКСК е синоним за државна институција заробена и злоупотребена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а доказ за тоа било, како што велат од партијата, нивната неуспешна акција да го спречат разрешувањето на Зврлевски и да го заштитат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. Оттаму додаваат дека Комисијата во изминативе години работела селективно, непрофесионално и исклучиво во заштита на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ.