Џафери - Реализација на предлогот за пратенички прашања по изборите

Архива - Претседателот на Собранието Талат Џафери.

Идејата за поставување пратенички прашања на почетокот на новосвикана седница во времетраење од еден час ќе се реализира по завршувањето на локалните избори, а за тоа ќе бидат донесени измени во Деловникот кој досега предвидуваше одржување посебна седница за пратенички прашања секој последен четврток во месецот, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери на барањето на премиерот Зоран Заев за неделни тематски прашања.

„Собранието во Деловникот го има регулирано прашањето на пратеничките прашања, а идејата, односно подготвеноста на Владата за целосна транспарентност и надзор да се овозможи поставување на пратенички прашања на почетокот на новосвиканата седница во времетрање од еден час, ве уверувам ќе се реализира по завршувањето на локалните избори“, вели Џафери.