Препукувања на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за покачувањето на пензиите

Илустрација - Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Пензиите ќе растат согласно трошоците за живот, соопшти СДСМ во реакција на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги манупиулира пензионерите и оти СДСМ го укинува покачувањето на пензиите.

Од СДСМ велат дека секој пензионер, согласно Законот за пензии, месечно ќе добива по дополнителни 180 денари, односно оти секој пензионер ќе добие вкупно 2160 денари за цела 2017 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека над 300 илјади пензионери нема да го добијат планираното и најавувано покачување на пензиите од пет отсто. Од партијата велат дека неместо линеарно зголемување на пензиите, повеќе ќе добиеле оние кои имаат високи пезнии и заминале во пензија како директори или функционери, а оние кои работеле, но не биле на функција ќе добиеле по стотина денари.