Македонската Влада денеска го осуди терористичкиот акт во Барселона и изрази жалење до семејствата на жртвите, а на повредените им посака брзо опоравување. Од Владата изразија надеж и дека сигурноста на граѓаните на Барселона, како и сите туристи кои се таму е веќе обезбедена.
„Нашата порака до Шпанија и цела Европа е дека во овој момент кога тагуваме за жртвите, осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна. Истовремено мораме да ги зајакнеме заложбите кои промовираат единство и слобода, наспроти поделбите и дискриминацијата“, порача премиерот Зоран Заев.