Премиерот Зоран Заев, денеска побарал од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да одреди термин за тематски пратенички прашања, соопшти владината прес-служба. Во писмото на Заев до Џафери се наведува дека Владата е подготвена за одржување на неделни тематски пратенички прашања во траење од еден час кои би биле во формат кој ќе го одреди претседателот на Собранието.