Во минатата година биле извршени 158 напади врз хуманитарни операции, при што животот го загубиле 101 хуманитарен работник, 98 биле повредени, а 89 киднапирани, се наведува во извештајот за безбедноста на хуманитарните работници. Според извештајот, Јужен Судан е најнасилна земја за хуманитарните работници.
Милитантната група Исламска држава и Ал Каеда се одговорни за помал број на напади, но со повисок степен на фатални последици. Но, како што се наведува во извештајот, земјите се најодговорни доколку се земе предвид бројот на смртни случаи. Во 2015 и 2016, 54 хуманитарни работници загинале во воздушните напади од Русија или САД во Сирија и Авганистан, како и во насилството во Јужен Судан.