Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во внатрешните работи на Македонија

портпаролката на руското МНР, Марија Захарова

Обвинувањата на сметка на Москва за наводно мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија се фабрикувани и неосновани, соопшти руското Министерство за надворешни работи, демантирајќи ја објавената информација на агенцијата „Блумберг“. Изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова е дадена по интервјуто на македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска за „Блумберг“. Таа додаде дека во тие инсинуации се гледаат обиди од страна на непријатели на Русија и Македонија дополнително да ги искомплицираат традиционално пријателските односи меѓу двете држави.