Во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе дува умерен северен ветер, најизразен на североистокот. Во северните делови ќе има услови за локална појава на грмежи проследени со пороен дожд. УВ индексот ќе има вредност 8. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје претпладне сончево, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 33 степени.