ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција соопшти дека владата на СДСМ и министерот за финансии Тевдовски денеска ја задолжиле земјата за 43,9 милиони овра и оти заедно со денешната аукција за изминатите три месеци Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека средствата се собираат директно од македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на македонското стопанство, се користат за покривање на буџетската дупка.
Од СДСМ реагираат дека владата предводена од нивната партија ги рационализира трошоците и одговорно и транспарентно управува со парите на граѓаните, а преку домаќинското работење и одговорното управување со долговите успеала да го намали јавниот долг првпат по 2008 година, соопштуваат од СДСМ.