Рама: Едноставно решение за Косово е Србија да ја признае земјата

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека решението за косовскиот проблем е едноставно, а тоа е земјата да биде признаена од страна на Србија. Но, според него, кога би се ставил во чевлите на српскиот претседател Александар Вучиќ, свесен е дека е многу полесно тоа да се каже, отколку да се направи. Тој за „Блиц“ посочи дека е важно сите заедно напорно да работат до решение, кое е во интерес на сите на трепелив, директен и неконвенционален начин.