Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи шестата седница во чии рамки е и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Досегашната расправа се карактеризира со реплики и контрареплики од пратениците на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Пратениците од СДСМ одбија да учествуваат во расправата оценувајќи дека е бесмислена и укажаа дека е потребно Собарнието да се посвети на реформите.