Крајниот рок за кандидати за локалните избори е 14 септември

Седница на ДИК во декември, минатата година.

Седница на ДИК во декември, минатата година.

ДИК соопшти денеска дека согласно со Роковникот за извршување изборни дејствија, крајниот рок за поднесување листи на кандидати за претостојните локалните избори е 14 септември. Од ДИК се обратиле и до сите општини да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии заради непречено организирање и спроведување на изборите.

До 11 август општините имаат рок јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а дека најдоцна до 25 истиот месец општините и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати. До 11 август и медиумите треба да ги достават ценовниците за реклами до надлежните институции.