ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за финансии Тевдовски

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе интерепелација за работата на министерот за финансии Драган Тевдовски.

"Како клучни причини за поднесување на Интерпелацијата за работата на Тевдовски го потенцираме целосно неразвоен ребаланс на Буџетот за 2017 година, значителното намалување на капиталните расходи, засилено и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемување на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитување на народните претставници во Собранието на Република Македонија и манипулирање со економски податоци, параметри и индикатори," изјави пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Кузмановска, Тевдовски не ја оправдал довербата дадена од Собранието. Единствено се грижел за обезбедување средства со кои, како што рече Кузмановска, на големо се спроведуваат партиските вработувања во државните и јавни институции додека потребите на граѓаните воопшто не се ни разгледуваат.