Германија ги повика САД и Северна Кореја на воздржаност

Германското знаме.

Германското министерство за надворешни работи, Мартин Шајфер изјави денеска дека со загриженост ја следат зголемената ескалација на реториката меѓу САД и Северна Кореја и Германија ги повикува двете страни на воздржаност. Според него, Германија е уверена дека воената опција не е решение во потрагата по ослободувањето од нуклеарно оружје на Југоисточна Азија.

Северна Кореја денеска соопшти дека „внимателно ги испитува“ плановите да изведе ракетен напад врз Гуам, американски остров на Пацификот. До ова дојде само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Пјонгјанг дека секоја закана ќе биде пресретната со „оган и бес“.