Во нацрт извештајот подготвен од 13 американски федерални агенции се заклучува дека Соединетите држави ги чувствуваат негативните ефекти од климатските промени. Тоа се манифестирало со зачестени топлотни бранови, силни дождови и други временски услови во изминативе четири децении. Се проценува дека глобалните температури ќе продолжат да растат со големи негативни ефекти, доколку не дојде до намалување на употребата на фосилни горива. На светско ниво, 15 од последните 16 години биле најтопли откако се спроведува мерењето. Исто така се проценува дека 2017 е на пат да биде втората најтопла година во историјата на САД. Претседателот Доналд Трамп јавно изрази сомневање дека глобалното затоплување било предизвикано од човекот.