Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесат интерпелација за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Причината, како што наведоа од партијата, се пожарите и проблемите на земјоделците.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски изјави денеска дека во партијата заклучиле оти шумските пожари се намерно предизвикани од актуелната власт со цел да се сврти вниманието на граѓаните на Македонија од погубните политики кои ги спроведуваат во десегашниот период. Според него, министерот Николовски покажал несериозност во пристапот за решавање на проблемот.