Катар и Турција денеска спроведоа заеднички воени вежби и ја покажаа својата стратешка алијанса, два месеци откако неколку арапски земји ја обвинија Доха за поддршка на тероризмот. Вежбите, како што јавија медиуми, се со цел да се подготви катарската војска за одбрана на виталните економски, стратешки и инфраструктурни објекти.
Турскиот Парламент денеска го одобри законот со кој стотици војници ќе бидат распоредени во воена база во Катар во согласност со договорот потпишан од 2014 година меѓу двете земји.