Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска изјави дека Соединетите држави сакаат да работат со Русија и оти е безмислено да се пркинат врските поради нивните несогласувања. Говорејќи по неговата средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Манила, Тилерсон им изјави на новинарите дека Русија покажала извесна волја за разговори и за изнаоѓање патишта за решавање на прашањето со Украина. Тој додаде дека му кажал на Лавров оти е неопходно Русија да сфати дека мешањето во изборите претставува многу сериозно прашање.