Собранието треба да заврши со расправа за ребалансот на буџетот

Министерот за финасии Драган Тевдовски.

Министерот за финасии Драган Тевдовски.

Собранието наМакедонија денеска треба да ја заврши расправата и да се изјасни за ребалансот на буџетот. Ова е последен од петте предвидени денови според Деловникот за расправа за дополнетиот предлог на изменувањето и дополнувањето на буџетот за 2017.

Владејачкото мнозинство и опозицијата се со различни ставови за кратењето на средствата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се категорични дека со ребалансот се кратат капиталните инвестиции, се намалуваат парите за образование, здравство, полиција и армија и забрзано се вработуваат партиски кадри. Со ова не се согласуваат од СДСМ, за кои единствено се кратат нереалните трошења.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, образложувајќи го ребалансот на буџетот, рече дека основната цел е намалување на непродуктивните трошоци и обезбедување простор за мерки кои ќе значат зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и поддршка на домашните претпријатија.

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот почна на 1 август.