Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери, утре ќе потпише решение за распишување избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, решението за распишување на локалните избори Џафери ќе го потпише во 12 часот во неговиот Кабинет.