Американското Министерство за одбрана препорача да и се испрати на Украина смртоносна воена помош во вредност од 50 милиони долари, јавува американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си.
Телевизијата повикувајќи се на тројца неименувани претставници на власта, јави дека е доставена препорака за помошта до Белата куќа за разгледување.
Портпаролот на Пентагон одби да го потврди извештајот, но за Ен-Би-Си изјави дека „не ја отфрлаат можноста за такво нешто“.
Помошта, наводно, вклучува и испраќање на противтенковски проектили.