Апелациониот суд Скопје ги прифати нелегално прислушуваните разговори како докази во случајот за „шамарите за Жерновски“ и насилствата во Општина Центар. Основниот суд Скопје 1 ги отфрли прислушуваните разговори како доказ, но СЈО се жалеше пред скопска апелација, која им ја уважи жалбата.
Во денешното соопштение од Апелациониот суд Скопје се наведува дека е уважена жалбата на СЈО и се укинува „решението донесено од Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое од списите на предметот се издвоени снимените материјали предложени како доказ за предметот поврзан со настаните во Општина Центар“. „Со оваа одлука доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка“, се наведува во соопштението од скопска апелација.
Во рамки на „бомбите“ што ги објавуваше премиерот Зоран Заев, тогаш како лидер на опозицијата“, беше објавен разговор во кој тогашниот премиер Никола Груевски нарачува некој да му „врзе три-четири шамари“ на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5