Портпаролот на Владата, Миле Бошнаковски изјави дека денеска Предлог-законот за минимална плата од 12.000 денари ќе биде доставен до Собранието. Владата на синоќешната седница го усвои предлогот. СДСМ во предизборната кампања вети зголемување на минималната плата, а по изборите стана дел и од владината програма.