Премиерот Зоран Заев кој денеска во Подгорица учествува на Самитот на земјите од Јадранската повелба изјави дека Македонија ја интензивирала соработката со регионот и очекува земјата да стане наредната членка на НАТО.
„Очекуваме Македонија да стане 30 членка на НАТО. Енергично работиме за соработка во регионот, се отвораме кон соседите. Вчера го потпишавме Договорот за добрососедство со Бугарија, а ја интензивираме соработката и со другите земји во регионот“, истакна Заев.
Тој најави дека Македонија во иднина поактивно ќе се вклучи во мисиите во НАТО и ќе го зголеми буџетот за одбраната. Според него, тоа што денеска со нив на самитот е потпретседателот на САД, Мајк Пенс покажува дека Македонија и земјите од Западен Балкан имаат верен партнер. Заев порача и дека е свесен оти регионот е стратешки дел за глобалната безбедност.