Франција го поздрави потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Француското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека се надева оти договорот ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат својот дијалог и соработка, особено на политички, економски и културен план и дека ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регионот на Балканот. Според министерството, добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи од процесот на европско приближување.