Во напад на бомбаш самоубиец чија цел бил конвој кој превезувал странски сили во јужниот авганистански град Кандахар загинале неколку лица, соопшти мисијата на НАТО во земјата. Се уште не се знае за колку точно жртви станува збор, ниту нивниот идентитет. Според локалните власти, нападот се случил во близина на аеродромот каде се наоѓа воената база во која се сместени странските сили. Никој не презема одговорност за нападот.