Заев и Борисов заедно се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов, Скопје, 01.08.2017.

Македонскиот премиер Зоран Заев пред денешното заедничко поклонение со бугарскиот премиер Бојко Борисов на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје по повод двата Илиндена изјави дека историјата и минатото треба да бидат цврсти темели врз кои почна да се гради европската и евроатлантската иднина на Македонија. „Го послушавме Делчев кој ни рече да не се губи времето. Се здруживме и ги подадовме рацеме помеѓу нас и создадовме пат кон развојот. За развојот се потребни доброволно подадени раце на граѓани и народи кои се потпираат и поддржуваат и така заеднички чекорат стабилно напред“, рече Заев. Тој додаде дека регионот почна да се однесува европски и затоа заслужува шанса што членките на ЕУ и на НАТО го препознаа во Трст, а истото го очекува денеска во Подгорица од потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Со денешната церемонија на гробот на Гоце Делчев заврши дводневната посета на бугарскиот премиер Борисов на Македонија во чии рамки беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.