ВМРО-ДПМНЕ денеска на Мечкин Камен го одбележа Илинден

Илустрација-Крушево

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска положи цвеќе пред споменикот на Илинденците на Мечкин Камен. Во делегацијата беа дел од новите членови на Извршниот комитет на партијата, новиот генерален секретар Христијан Мицковски и други. Членот на извршниот комитет и пратеник Антонијо Милошоски рече дека тоа го правеле денеска, ден пред Илинден поради неколку причини. Презицираше дека овој Илинден бил премногу важен, за да дале легитимитет, на како што рече, нелегално избрани функционери. Како втора причина тој ја наведе огромната чест и почит која како партија ја имале кон паднатите жртви за Крушевската Република.

„И трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизери и граѓани кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање на легитимитет на прослави организирани од владата на СДСM и ДУИ, затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки кои што го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти кои што можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник“, подвлече Милошоски.